Во германската спортска јавност одекна веста дека Баерн го отпушти Тони Тапаловиќ (42), кој 11 и пол години беше тренер на голманите. Топаловиќ работеше со Јуп Хејнкес, Пеп Гвардиола, Карло Анчелоти, Нико Ковач, Ханси Флик и Јулијан Нагелсман.
Спортскиот директор на Баерн, Хасан Брацо Салихамиџиќ, објави дека Тапаловиќ заминува поради несогласувањата со тренерот Јулијан Нагелсман.
Новинарот на „Спорт 1“, Кери Хау, откри дека Топаловиќ бил кртот кого долго време го бараше тренерот Наглесман.
„Проблемите меѓу нив двајца датираат од минатата сезона. Тогаш Нагелсман сфати дека деталите од внатрешната комуникација во стручниот штаб протекуваат до играчите во соблекувалната. Изворот бил Тапаловиќ. Тој доверливите информации му ги кажувал на голманот Мануел Нојер, а тој потоа им сето тоа им го пренесувал на соиграчите“.
Тапаловиќ дојде во Баерн како личност исклучително блиска до Нојер. Тие станаа пријатели како голмани на Шалке. Германците сметаат дека тој е најзаслужен за подемот на Мануел Нојер, еден од најдобрите голмани на сите времиња.