Фудбалскиот клуб Баерн потпиша договор со поранешниот играч од средниот ред на Ајакс, Рајан Гравенберг. Германскиот клуб објави дека 20-годишниот фудбалер потпишал договор до 2027 година.
Гравенберг ја помина младинската школа на Ајакс и дебитираше за сениорскиот тим на 16-годишна возраст. За холандскиот великан одигра 103 натпревари. Една година пред истекот на договор тој реши да го напушти Амстердам.
Баерн ќе му плати на Ајакс 18,5 милиони евра за Гравенберг и ќе добие 7,5 отсто од наредната продажба.
Рајан Гравенберг е вториот играч кој во актуелниот преоден рок од Ајакс се пресели во Баерн. Претходно, во Минхен, како слободен играч се пресели Нусаир Мазруи.