Top Sport

Баерн го потврдија доаѓањето на Перишиќ

Баерн Минхен го потврдија доаѓањето на Иван Перишиќ од Интер на едногодишна позајмица со опција за купување на договорот на крајот на сезоната.

Перишиќ има доста искуство во Бундеслигата, бидејќи играше за Волфсбург и Борусија Дортмунд, а во Интер е од 2015 година.

„Среќен сум што се враќам во Германија. Баерн е еден од најголемите клубови во историјата и презадоволен сум од трансферот. Желбата е да се освои Бундеслигата, но и Лигата на шампионите“, изјави Перишиќ.

Перишиќ има 82 настапи за хрватската репрезентација и 23 постигнати голови, а беше дел од „коцестите“ кои играа на минатогодишното финале на Светското првенство.

Scroll to Top