Top Sport

По дебито од соништата, Даниел Џејмс потпиша договор со „Адидас“

Новото момче на Манчестер јунајтед, Даниел Џејмс ги комплетираше фанатастичните неколку дена со потпишување на спонзорски договор со „Адидас“.

21-годишниот Велшанец дојде на „Олд Трафорд“ за 15 милиони фунти од Свонси и во својот прв конкурентен меч во 81. минута постигна гол за комплетирање на 4:0 триумфот над Челси. Џејмс голот го посвети на неговиот татко, кој почина неколку недели пред тој да потпише за Јунајтед.

„Пресреќен сум што имам договор со ’Адидас’. Ова беа неколку брилијантни денови за мене“, напиша Џејмс на социјалните мрежи.

Џејмс откри што му кажал Солскјер пред емотивниот прв гол за Јунајтед

Scroll to Top