Top Sport

Баерн го потврдија „грабањето“ на талентот Арп од Хамбургер

Баерн Минхен ќе му даде договор на 19-годишниот напаѓач на Хамбургер, Јан-Фиете Арп, потврди баварскиот гигант, и големиот талент на германскиот фудбал ќе му се приклучи на шампионот на лето или ќе одигра уште една сезона во Хамбург, како самиот ќе одлучи

Арп ќе добие четиригодишен договор со Баерн, а според „Билд“, ХСВ ќе добие 2.5 милиони евра за договорот.

„Преговорите со Баерн Минхен беа конструктивни и фер. Тоа што испаднавме од Бундеслигата му падна многу тешко на Фиете, но тој сакаше да остане и да ни помогне да се вратиме“, вели спортскиот директор на Хамбургер, Ралф Бекер.

Баерн подолго време го следат Арп, кој исто така беше на „радарот“ на Челси по минатата добра сезона со Хамбург.

Арп мораше да бара дозвола за фудбалски меч од 20.30 часот

Scroll to Top