Top Sport

Баерн го пушта Алаба?

Преодниот рок стигна до половина, а Баерн Минхен се уште немаат реализирано ниту еден трансфер со што би го надоместиле заминувањето на Франк Рибери и Аријан Робен. Баерн досега ги ангажираше само левиот и десниот бек на Франција, Лукас Ернандез и Бенжаман Павар.

На Баерн му требаат засилувања во нападот и на крилните позиции, а голема желба на тренерот Коваче е Лирој Сане.

„Мундо Депортиво“ тврди дека Баерн на Барселона им го понудиле Давид Алаба за Усман Дембеле, а истиот играч би можел да заврши в Манчестер сити, како дел од евентуалниот трансфер на Сане.

Истиот извор тврди дека Барселона не биле заинтересирани за Алаба, но дека не би било изненадување доколку се премислат. Барселона бараат алтернатива за Жорди Алба на левата бековска позиција.

Scroll to Top