Top Sport

Триаголник-трансфер на релација Барса, Сити, Баерн

Шпанскиот медиум „Донбалон“ кој често знае да пласира и сензационални вести, во неделата најави спектакуларна размена во која би биле вклучени Барселона, Манчестер сити и Баерн Минхен.

Барселона по секоја цена сака да го врати Нејмар на „Ноу Камп“, а според овој извор клучна улога би таквата размена треба да одигра Манчестер сити.

Пеп Гвардиола бил заинтересиран за Усман Дембеле, кој не ги оправда парите што Барселона ги вложија во него.

На „Ноу Камп“ ќе се обидат да издејствуваат 105 милиони евра од продажбата на Дембеле. Тука во целата приказна влегува и Баерн, односно нивниот интерес за Лирој Сане.

Гвардиола изјави дека доколку побара трансфер Сане може да замине што значи дека склопувањето на овој триаголник ќе зависи од него.

Scroll to Top