Челниците на Баерн Минхен, сериозно размислувале да му врачат отказ на тренерот Нико Ковач, пишува „Билд“.
Баерн лошо ја отвори новата сезона, а екипата на Ковач нема победа на последните четири натпревари. Последниот пораз го доживеаја на домашен терен од Борусија Менхенгладбах (0:3).
Доколку хрватскиот тренер добие отказ прв избор на челниците на баварскиот гигант би бил Зинедин Зидан. Францускиот тренер во јуни го напушти Реал откако освои три титули во Лигата на шампионите.
Прашање е дали ова е реална опција, бидејќи менаџерот на Зидан пред неколку дена најави дека неговиот клиент сака да работи во Јувентус и дека решил да земе едно годишен одмор.
Ианку, името на Зидан се поврзува и со Манчестер јунајтед, додека во Баерн како опции ги имале Арсен Венгер, Антонио Конте и Лоран Блан.