Top Sport

Баерн го следат Доминик Ливаковиќ

Баерн Минхен може да се решат за трансфер на голманот на Динамо Загреб и херој на хрватската репрезентација, Доминик Ливаковиќ како замена за ветеранот, Мануел Ноер, тврат германските медиуми.

Ливаковиќ предизвика огромно внимание со фантастичните настапи за Хрватска со која стигна до полуфиналето во Катар, а интересно на дуелот против Бразил на трибините беше токму Оливер Кан, генералниот директор на Баерн.

Баерн го имаат и Александер Нибел како можна опција, но веќе го пратија 23-годишниот голман на позајмица во Монако до крајот на сезоната. Ливаковиќ има 27 години и договор со Динамо до 2024 година.

Scroll to Top