Top Sport

Реграгуи: Мароко се Роки Балбоа на Светското првенство

Мароканскиот селектор Вали Реграгуи ја опиша својата репрезентација како „Роки Балбоа на Светското првенство“, откако вчера тие успеаја да ги елиминираат фаворизираните Португалци за да станат првата африканска селекција со пласман во полуфинале на Мундијалот.

Реграгуи вели дека неговите фудбалери го симболизираат духот на аутсајадерите како главниот лик во филмовите на Силвестер Сталоне.

„Имавме јасен план на игра – сите мораат да работат. Не сум ги видел да трчаат колку што трчаа на мечот никогаш во животот, но тоа го правиш за својата нација. Не бевм толку добри како против Шпанија, но кога ќе го дадеш срцето, шансите ќе дојдат. Знам дека стануваме репрезентација која сите ја сакаат на ова СП, и тоа го добиваш само ако си искрен. Ги победивме Шпанија, Португалија и Белгија без да примиме гол, а тоа не е чудо, туку е само вистинска работа. Кога го гледате ‘Роки’ сакате тој да победи поради срцето и посветеноста, и мислам дека ние сме како Роки на ова СП. Мал тим со сон и со верба кој праќа вистинска порака на светот“, вели Реграгуи.

Scroll to Top