Баерн Минхен потврдија дека Садио Мане ќе биде суспендиран за мечот од Бундеслигата против Хофенхајм поради „своето однесување“, по вестите дека му удрил бокс на соиграчот Лирој Сане во вторникот по 3:0 поразот од Манчестер сити во Лигата на шампиони на „Етихад“.
Двајцата фубалери расправијата ја почнаа уште на теренот, по што Мане го удрил Сане во соблекувалната.
„Садио Мане, 31, нема да биде вклучен во тимот на Баерн за домашниот меч против 1899 Хофенхајм во сабота. Ова е поради неговото однесување по мечот со Манчестер сити. Мане ќе биде и финансиски казнет“, се вели во објавата на Баерн.
Мане денеска беше на тренинг со тимот, но според германските медиуми управата на клубот уште не решила дали да му го раскине договорот на Сенегалецот, кој дојде како големо засилување од Ливерпул минатотото лето, но имаше лоша сезона со повредите поради кои го пропушти и Светското првенство во Катар.
Sadio Mané will not be part of the matchday squad against TSG Hoffenheim this weekend.
— FC Bayern Munich (@FCBayernEN) April 13, 2023