Top Sport

Баерн изненадува со трансфер надвор од преодниот рок

Баерн итно бара замена стопер, а еден од главните кандидати за доаѓање е Сократис Папастатопулос (35). Грчкиот стопер моментално е без клуб, откако си замина од Олимпијакос. Баерн поради повреда остана без стандардниот играч Дајот Упамекано, па клубот е принуден да бара брзи решенија. Преодниот рок е затворен до почетокот на јануари, но клубовите можат да донесат играчи без договор.

Сократис во својата кариера настапуваше за АЕК, Ники Волос, Џенова, Милан, Вердер, Борусија Дортмунд и Арсенал, а за Грција постигна три гола на 90 настапи. Во Баерн би дошол бесплатно бидејќи моментално е без договор. Баерн претходно не успеа да го трансферира Џером Боатенг, кој исто така требаше да дојде бесплатно. Но, поради незадоволството на навивачите, тој трансфер беше прекинат.

Scroll to Top