Top Sport

Баерн кренаа раце од Кејн, шанса за Манчестер јунајтед

Баерн Минхен им оставија „отворен простор“ на Манчестер јунајтед да го купат Хери Кејн ова лето, признавајќи дека нема шанси да потрошат 100 милиони евра ова лето.

Бидејќи на Кејн му останува само уште една сезона од договорот со Тотенхем, се верува дека тој ќе направи трансфер во обид да освои некој трофеј, нешто што му недостасува на 29-годишниот напаѓач, а на Баерн им треба вистински голгетер каков што немаат по заминувањето на Роберт Левандовски. Во исто време и Манчестер јунајтед долго време се заинтересирани за Кејн.

Финансискиот директор на Баерн, Михаел Дидерих признава дека трансфер од 100 милиони евра е нереален за нговиот клуб.

„Не отфрлам било која можност, но дали можеме или сакаме таков трансфер? Мораме постојано да внимаваме на профитабилноста на нашиот клуб“, вели Дидерих.

Scroll to Top