Top Sport

Чави: Не е вистина дека сме слаби во големи мечеви, одиме да ја освоиме лигата

Чави Ернандез застана во одбрана на сезоната на Барселона и прогресот кој е направен по критиките кои ги претрпеа по катастрофалниот 0:4 пораз од Реал Мадрид во полуфиналето на Кралскиот куп.

По елиминацијата од Лигата на шампиони и од Лига Европа, дојде и поразот од Мадрид во Купот, и во шпанскиот печат тимот на Чави беше критикуван за слабите игри во големите мечеви. Но, со освоениот Шпански суперкуп и шансата да се одвојат на 15 поени пред Реал во Ла лига ако ги победат Џирона во понеделник, Чави вели дека успехот не треба да се минимизира.

„Зборуваме за освојувањето на Ла лига. Не сфаќам, зошто тоа не е голема цел? Да, сме освоиле пет титули во Лигата на шампиониво нашата историја, но дали мораме да ја освојуваме секоја година? Со победа во Ла лига се носи стабилност. Се сеќаваам дека Зинедин Зидан по освојувањето на ЛШ изјави дека следната цел им е лигата. Треба да се цени што правиме против навистина силниот Мадрид, посебно од позицијата во која бевме. Тоа се цени во клубот, а во јавноста… Тоа не можам да го контролирам“, се правда Чави.

Барселона беа на 9. место во Ла лига кога Чави го замени Роналд Куман на крајот на 2021 и имаа само една титула од Копа дел реј во претходните три сезони, а последната лигашка титула ја освоија во 2019 година.

Scroll to Top