Германскиот првак Баерн Минхен успеа да го договори десниот бек на Ајакс, Нусаир Мазрауи. Тој по завршувањето на сезоната ќе пристигне на „Алијанц арена“ и ќе потпише четиригодишен договор како слободен агент.
Мазрауи во Баерн ќе заработува 4 милиони евра, плус дополнителни бонуси.
Тренерот на баварскиот тим, Џулијан Нагелсман, подолг период бараше од раководството на клубот да доведе ново засилување на десната бековска позиција.