Top Sport

Баерн Минхен го купува Ким Мин-Јае од Наполи

Трансферот на Ким Мин-Јае од Наполи во Баерн Минхен се смета за завршена работа, а останува само германскиот клуб да ја активира откупната клаузула на играчот, која е во висина од 50 милиони евра, јавуваат италијанските медиуми.

Веќе неколку недели шампионот во Бундеслигата преговара со корејскиот дефанзивец, откако успеа да го убеди да ја одбие понудата на Манчестер Јунајтед. На крајот Ким се договори со Баварците на пет сезони за плата од 12 милиони евра.

Сега Баерн треба да ја плати отштетата од 50 милиони евра на големо, по што Наполи ќе мора да го дозволи трансферот на својот дефанзивец.

Ким Мин-Јае во моментот е во татковината каде мора да го отслужи задолжителниот тринеделен воен рок.

 

Scroll to Top