Top Sport

Енис Барди доби понуда од Саудиска Арабија, но Трабзонспор ја откажа зделката

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди доби понуда да се пресели во Саудиска Арабија како позајмен играч од Трабзонспор. Како што откриваат турските медиуми, понудата е за едогодишна позајмица, а Трабзонспор би требало да добие 300.000 евра.

Сепак, тоа не е прифатлива сума за турскиот клуб. Трабзонспор многу повеќе би сакал комплетно да го продаде Енис Барди, а му одреди цена од 4,5 милиони евра.

Енис Барди има договор со Трабзонспор до 30 јуни 2025 година.

Scroll to Top