Германскиот првак Баерн Минхен стигна до втората победа во новата сезона од Бундеслигата. На „Алијанц арена“ го совлада Волфсбург со 2:0.
Џамал Мусијала беше стрелец на водечкиот гол за баварскиот тим во 33.минута. До крајот на полувремето, Баерн обезбеди и двојна предност со голот на Томас Милер, што на крајот се покажа и како конечен резултат.