Top Sport

Баерн Минхен и Челси во трка за новото бразилско чудо

Баерн Минхен и Челси покажуваат сериозен интерес за талентот на Палмеирас, Луис Гиљерме. Двата клуба ги следеа настапите на 17-годишниот талент на натпреварот со Бока Јуниорс за Копа Либертадорес.

Младото момче го бараат уште три европски гиганти.

Луис Гиљерме оваа сезона забележа 23 настапи за Палмеирас во сите натпреварувања.

Договорот на играчот од средниот ред со бразилскиот гигант е до 2025 година.

Scroll to Top