Баерн Минхен ја одби и последната, трета понуда на Барселона за Роберт Левандовски. Каталонците излегоа пред челниците на германскиот шампион со понуда од 40 милиони евра, плус пет милиони евра бонус, но уште еднаш добија „не“ за напаѓачот кој има договор со Баерн и за следната сезона.
Баерн Минхен нема намера да го пушти Левандовски за помалку од 50 милиони евра, тврди „Билд“. Тоа е нов удар за Барселона која ионака има проблеми од финансиска природа.
Левандовски на прес-конференција истакна дека сака да го напушти Баерн, но актуелниот клуб нема намера така лесно да се откаже од него и покрај тоа што го доведоа Садио Мане.