Top Sport

Валверде се врати на клупата на Атлетик Билбао

Ернесто Валверде е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Атлетик Билбао. Тој по третпат во кариерата се враќа на кормилото на овој клуб.

Валверде беше тренер на Атлетик Билбао во период од 2003 до 2005 година, а потоа го тренираше клубот од 2013 до 2017 година, по што се пресели во Барселона.

Одличниот стратег во кариерата ги предводеше и Валенсија, Вилјареал, Олимпијакос и Еспањол.

Scroll to Top