Top Sport

Баерн Минхен немаат намера да го заддржат Кутињо

Баерн Минхен не се целосно задоволни од Филипе Кутињо и најверојатно нема да решат да го заддржат на „Алијанц арената“, тврди германскиот весник „Спорт билд“.

Бразилецот пристигна во Барселона како голема ѕвезда од Ливерпул, но откако не успеа да импресионира на „Ноу Камп“, летово Каталонците го пратија на позајмица во Баерн за 8.5 милиони евра со опција да го направат договорот постојан за 120 милиони евра.

Според „Билд“, Баварците сметаат дека таа сума не е оправдана, бидејќи тој не покажал „ништо посебно“ во дресот на Баерн. Тој е на листата на фудбалери на кои Баерн не смета, покрај Тимо Вернер од Лајпциг и Ерлинг Халанд, кој пристигна во Борусија Дортмунд, но од друга страна летово главна цел ќе биде потписот на Каи Хаверц и Лирој Сане.

Scroll to Top