Баерн Минхен се пласира во четврт-финалето на Купот на Германија откако на гости го победи Мајнц со 0:4. Во баварскиот тим дебитираше португалскиот интернационалец Жоао Кансело, а сѐ беше решено по првиот дел.
Серијата голови ја отвори Чупо Мотинг во 17.минута. До крајот на првото полувреме во листата на стрелците се запишаа и Џамал Мусијала и Лирој Сане.
Во второто полувреме конечниот резултат го постави Алфонсо Дејвис.