Top Sport

Баерн Минхен сака да го купи Садио Мане

Баерн Минхен е силно заинтересиран да го доведе напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, откриваат германските медиуми. Тој треба да биде наследник на Роберт Левандовски кој најверојатно ќе си замине од клубот ова лето.

Спортски директор Хасан Салихамиџиќ се подготвува за преговори со неговиот агент. Финалните разговори ќе се одржат по завршувањето на финалето од Лигата на шампионите во Париз, каде Ливерпул ќе се сретне со Реал Мадрид.

Ливерпул годинава е во игра за четири трофеи, а сезонава Сенегалецот постигна 20 гола и имаше 4 асистенции на 46 натпревари во сите натпреварувања.

 

Scroll to Top