Top Sport

Баерн Минхен се откажа од идејата за Хари Кејн

Германскиот шампион Баерн Минхен одлучи да се откаже од идејата да го купи напаѓачот на Англија и Тотенхем, Хари Кејн.

Според „Спортбилд“, германскиот клуб е загрижен дека Британецот може да има проблеми со адаптацијата поради неговата возраст и недостатокот на искуство за играње во странство. Кејн целата своја кариера ја помина во Премиерлигата.

За капитенот на Англија е заинтересиран и Манчестер Јунајтед и би можел да достави понуда за него по завршувањето на сезоната.

Договорот на Хари Кејн со Тотенхем е до летото 2024 година.

29-годишниот фудбалер оваа сезона веќе постигна 25 гола на 32 натпревари во Премиерлигата.

Scroll to Top