Top Sport

Баерн Минхен се откажа од намерата да го купи Осимен

Баерн Минхен одлучи да се откаже од битката за потписот на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. 24-годишниот Нигериец ќе биде еден од најбараните играчи ова лето по брилијантната сезона со тимот на Наполи кој го освои „скудетото“ во Италија за првпат по пауза од 33 години.

Германскиот гигант е еден од клубовите кои сакаат да го доведат во своите редови, но се свесни дека мора да го соборат клупскиот трансфер рекорд за да го привлечат и нема да се одлучат на таков чекор, тврди „Билд“.

Осимен има договор со Наполи до 2025 година, а клубот за него ќе бара над 120 милиони евра. Баерн Минхен во неколку наврати истакна дека нема намера да плати толкава сума за фудбалер, а се чини дека нема да ги прекршат нивните принципи ниту за Нигериецот.

Претходно, Баерн се откажа од намерата да го купува и Хари Кејн, но во клубот се свесни дека мора да доведат нова „деветка“ во летниот преоден рок.

Scroll to Top