Top Sport

Урава ја освои азиската Лига на шампиони

Фудбалерите на јапонскиот клуб Урава ред дајмондс ја освоија титулата шампиони на Азија, откако во реваншот го совладаа Ал-Хилал од Саудиска Арабија со 1:0. Во првиот натпревар резултатот беше 1:1.

Урава победи со автоголот на Андреа Карилја во 48. минута.

Ова е трет трофеј во азиската Лига на шампиони за Урава во клупската историја.

Ал Хилал, минатогодишниот победник, е најуспешен тим со четири освоени титули.

Scroll to Top