Германскиот првак Баерн Минхен се соочува со можното заминување на најдобриот фудбалер Роберт Левандовски, за кого е заинтересирана Барселона, па раководството на клубот тргна во акција да го најде неговиот наследник. Замената се чини дека е пронајдена во Амстердам.
Баерн смета дека Себастијан Халер, напаѓачот на Ајакс, би бил одлично решение за нов напаѓач на тимот, доколку полскиот голгетер Левандовски и дефинитивно ја напушти „Алијанц арена“ по завршувањето на сезоната.
Халер дојде во Ајакс од Вест Хем за сума од 22 милиони евра, а Баерн Минхен е подготвен на холандскиот клуб да му понуди ова лето и двојно поголема сума за да го купи одличниот стрелец.
Тој на 33 натпревари за Ајакс оваа сезона постигна 39 гола, а 11 од нив во групната фаза од Лигата на шампионите.