Top Sport

Шек на словенечки јазик му се „поклони“ на Дончиќ за блескавата игра

Лука Дончиќ се врати од повредата и веднаш блесна во триумфот на Далас (102:77) над Јута за водството од 3:2 во првото коло од НБА плеј-офот. Тој го предводеше тимот со 33 поени, 13 скока и 5 асистенции.

По одличната партија, му се „поклони“ и одличниот Шекил О’Нил, стручен коментатор на „ТНТ“. Познато е дека Шек сака да им изразува почит и комплименти на неамериканците на нивните јазици, а пред да го стори тоа бара од нив да му кажат како се изговара некоја пофална фраза во земјите од кои дошле во Америка.

Дончиќ откако им одржа лекција по кошарка на Јута Џез, дојде ред малку да ја поднаучи американската легенда и за словенечкиот јазик.

Шек го замолил да го научи како се вели „Добра работа“ на неговиот јазик, на што Дончиќ му даде одговори.

„Многу добро брат, многу добро.“ (Zelo dobro brother, zelo dobro)

Дончиќ беше задоволен од зборовите на Шек и во шега додаде: „Подоцна ќе те научам и да пцуеш“.

 

Scroll to Top