Top Sport

Баерн најавија целосна реконструкција на тимот

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, најавил целосна реконструкција во летниот преоден рок во 2019 година. Баерн, од почетокот на сезоната игра во многу променлива форма и можно е на крајот да останат без шампионската титула. Без оглед на тоа, Хенес рекол дека тимот нема да се засилува во претстојниот зимски преоден рок.

„Сигурно е дека нема да бидеме активни на пазарот во јануари. Доволно е што пред Божик ќе се врати Кингсли Коман, а набргу подготвен ќе биде и Тојаго Алкантара“, рекол Хенес и ветил засилувања во летниот преоден рок.

„Наредното лето ќе бидеме многу активни на пазарот. Очекувајте големи промени, целосно ќе го смениме ликот на екипата“.

Прашање е само дали Нико Ковач ќе добие шанса да го води „новиот“ Баерн, или Баварците ќе ангажираат и нов тренер.

Scroll to Top