Top Sport

Насри повторно ќе игра во Премиер лигата

Поранешниот француски репрезентативец, Самир Насри (31), повторно ќе игра во англиската Премиер лига. Насри, полу-сезоната, ќе ја мине во Вест Хем јунајтед.

Искусниот фудбалер до јануари се наоѓа под суспензија на УЕФА, поради позитивниот допинг тест. Од наредната година тој ќе може да настапува за „чеканите“. Тој договорил неделна плата од 80.000 евра.

Насри, во периодот од 2008 до 2017 година, во Премиер лигата играше за Арсенал и Манчестер сити.

Во кариерата настапувал за Марсеј, Севилја и Анталијаспор.

Scroll to Top