Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, соопшил дека клубот нема намера да го продаде полскиот напаѓач, Роберт Левандовски.
Новиот тренер на Баварците рекол дека услугите на Левандовски ќе му бидат неопходни во новата сезона.
„Јасно е дека Роберт нема да го напушти нашиот клуб, тој ние потребен. Сигурно дека нема да го продадеме“, рекол Ковач.
„Сакам, заедно да постигнеме големи резултати. Одличен е фудбалер, кој постигна толку многу во Бундеслигата, има постигнато многу голови и се надевам дека така ќе продолжи и во новата сезона“, дополнил Ковач.
Левандовски во дресот на Баерн, досега во кариерата постигнал 151 гол на 195 одиграни натпревари.