Фудбалерот на Баерн Минхен, Кингсли Коман, ќе отсуствува неколку недели поради повредата на глуждот, со која се здоби на отворањето на сезоната во Бундес лигата.
22-годишниот играч од Франција, дуелот во првото коло против Хофенхајм (3:1) го напушти пред истекот на 45.минута. Деталните прегледи покажале дека тој ги оштетил лигаментите, поради што го очекува подолга пауза.
Поранешниот играч на ПСЖ и Јувентус, нема среќа со повредата на глуждот. Во февруари го оперираше глуждот поради што го пропушти Светското првенство во Русија.
Коман во Минхен пристигна во 2015 година од Јувентус.