Top Sport

Баерн новата сезона ќе ја отвори во Франкфурт

Бундес лигата го објави распоредот за сезоната 2022/23, која ќе започне на 5.август. Според традицијата, на 30.јули ќе се игра Суперкупот помеѓу шампионот Баерн и победникот во Купот, Лајпциг.

Првото коло ќе понуди две дерби средби и една градска пресметка. Баерн Минхен на 5.август ќе гостува кај Ајнтрахт во Франкфурт, додека Баер во Леверкузен ќе ја пречека Борусија Дортмунд.

Во првото коло во берлинското дерби ќе се сретнат Унион Берлин и Херта, Борусија Менхенгладбах ќе го пречека Хофенхајм, додека новиот прволигаш Шалке гостува во Келн.
Во другите натпревари Волфсбург ќе го пречека Вердер Бремен, Бохум ќе игра против Мајнц, Фрајбург ќе го пречека Аугсбург, а Лајпциг ќе гостува во Штутгарт.

Поради Светското првенство во Катар, кое е на програмата од 21. ноември до 18. декември, Бундеслигата ќе паузира од 12. до 20. јануари.

Последното коло од првенството е планирано да се одигра на 27. мај 2023 година.

Scroll to Top