Top Sport

Фенербахче го отпушти Саша Ѓорѓевиќ

Иако ја освои титулата од Турската Суперлига, Александар Ѓорѓевиќ се раздели со Фенербахче, потврдија од турскиот клуб, неколку дена по крајот на шампионатот.

„Му се заблагодаруваме на Александар Ѓорѓевиќ за работата и му посакуваме среќа во понатамошната кариера. Тој имаше голема улога во освојувањето на титулата од Суперлигата во 2021/22“, велат од Фенербахче.

Се очекува на клупата на турскиот гигант да седне досегашниот тренер на ЦСКА москва, Димитрис Итудис, додека српските медиуми шпекулираат дека Ѓорѓевиќ може да стане нов тренер на Реал Мадрид.

Scroll to Top