Top Sport

Баерн одбил понуда за Павар

Фудбалскиот клуб Баерн ја одбил првата понуда на Манчестер јунајтед за францускиот репрезентативец Бенжамин Павард, пренесува „Скај спорт“.

Британските медиуми пренесуваат дека не е познато колкава сума од „Олд Трафорд“ понудиле за францускиот фудбалер.

Англискиот клуб не сака да се откаже од Павар, кој јавно кажа дека сака да го напушти Минхен, а негов избор е токму Манчестер јунајтед..

Павар (27) е член на Баерн од 2017 година, а претходно играше за Штутгарт и Лил. За германскиот шампион одигра 163 натпревари и постигна 12 гола.

За француската репрезентација настапи на 49 натпревари и три пати се запиша во листата на стрелци.

Scroll to Top