Top Sport

Баерн покажа моќ против Мајнц

Баерн Минхен го декласира Мајнц на „Алијанц арена“ со 6:2 и се искачи на врвот на табелата во Бундеслигата. Тимот на Нагелсман реагираше одлично уште од стартот и поведе со голот на Гнабри во петтата минута, а Мусијала зголеми на 2:0 по половина час. Садио Мане беше стрелец на третиот гол откако погоди на одбиена топка по нереализираниот пенал, а Мајнц постигна гол преку Видмер пред одморот. Само минута претходно и Бурхарт не реализира пенал за Мајнц.

Горецка, Матис Тел и Чупо Мотинг дадоа уште три гола за Баерн во вториот дел, а за гостите погоди Ингвартсен.

Лајпциг го победи Баер Леверкузен со 2:0 со головите на Кристофер Нкунку и на Тимо Вернер, а Волфсбург беше убедлив против Волсфбург и славеше со 4:0. Штутгарт го победи Аугсбург со 2:1.

Scroll to Top