Top Sport

Баерн потврди „многу добри“ разговори за Вагнер

Баерн Минхен се на чекор да го комплетираат трансферот на напаѓачот на Хофенхајм, Сандро Вагнер уште во јануари, откако потврдија дека имале „многу добри“ разговори со нивниот поранешен играч.

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ вели дека главната пречка е да се одреди сумата за трансфер.

„Разговорите беа навистина добри. Секако, главното е во парите. Нема притисок, има време до јануари“, вели Салихамиџиќ.

Вагнер ќе наполни 30 години на крајот на месецот, но има доволно искуство да биде корисен играч на „Баварците“ откако дури и Роберт Левандовски побара „помош“ во нападот.

Сандро Вагнер официјално побара да оди во Баерн

Scroll to Top