Репрезентацијата на Норвешка го освои бронзениот медал на 14 Европско првенство во ракомет. Во „малото финале“, Норвешка со доминантна игра ја победи Словенија со 28:20. Ова е прв недал од европските првенства за Норвешка.

Норвешка собра сили, по синоќешниот шокантен пораз од Хрватска и целиот бес го истурија врз Словенците.

Словенија на овој меч само еднаш имаше предност, 2:1 на самиот почеток, останатиот дел од мечот им припадна на Норвежаните иако Словенците се држеа во првиот дел. Норвешка на полувреме имаше предност од три гола.

Во вториот дел Словенците не може да го испратат ритамот што го наметнаа Норвежаните. Предност растеше до максималните девет гола.

foto/epa

Мечот го обележаа голманите на двете репрезентации Бергеруд (Норвешка) и Ферлин (Словенија) со по 14 интервенции.

Најефикасни кај Норвешка беа Јондал со седум, Бјорнсен со пет, односно Сагосен и Јоханесен со четири гола. Словенија ја предводеа Бомбач со пет и Мацковшек со четири гола.

Големото финале на Европското првенсто ќе се одигра утре помеѓу Хрватска и Шпанија од 16.30 часот.

foto/epa