Акутелниот германски и европски шампион, Баерн Минхен не покажа милост во првиот меч од новата сезона од Бундеслигата, откако со неверојатни 8:0 ги победи Шалке за да сигнализира дека „машината“ на Ханси Флик повторно планира да гази и во 2019/20.
Овојпат жртва беа „кралско сините“ од Гелзенкирхен под водство на Давид Вагнер, кој некако успеа да го заддржи своето работно место по катастрофалниот финиш на минатата сезона.
Уште почетокот на мечот требаше да им сигнализира на Шалке дека ги чека катастрофа – Серж Гнабри го постигна својот прв гол од хет-трикот уште во 4. минута, пред Леон Горецка во 17. минута да зголеми на 2:0. Роберт Левандовски, човекот кој минатата сезона ја заврши со 55 гола, запиша еден гол од пенал во 31. минута, пред во второто полувреме „баварската машина“ да го прегази противникот.
Гнабри го комплетираше хет-трикот со голови во 47. и 59. минута, за во 70. минута Томас Милер да зголеми на 6:0, а минута подоцна новакот Лирој Сане да даде гол на својот поранешен клуб. По ова, Флик направи три замени, и му даде шанса на англискиот тинејџер, Џамал Мусијала да го постигне првиот гол во дресот на Баварците во 81. минута.