Top Sport

Баерн се прошетаа низ Лајпциг

Фудбалерите на Баерн Минхен, славеа победа 4:1 во дербито против Лајпциг. Баварците, во четвртата рунда ја забележаа третата победа и со 10 бодови се втори на табелата, додека Лајпциг го запишаа третиот пораз.

ВАР во раната фаза на мечот им беше наклонет на гостите од Минхен. Баерн доби пенал во 12.минута, сигурен реализатор беше Левандовски.

На вториот гол се чекаше до 47.минута. Мусијал, кој на полувремето го замени Гнабри, зголеми на 2:0. Сите дилеми околу победникот, доколку воопшто ги имаше, ги разреши Сане во 54.минута.

Лајмер постигна преубав гол во 58.минута за Лајпциг.

Конечниот резултат го постави Чупо-Мотинг во 92.минута.

Scroll to Top