Top Sport

Наполи го победи Јувентус – Елмас одигра едно полувреме

Наполи го доби дербито со Јувентус 2:1, во третото коло во Серија А. Натпреварот на стадионот „Диего Армандо Марадона“, го обележаа грешките на двете страни по кои беа постигнати головите. Јувентус, по три кола има само еден бод, додека Наполи е со максимален учинок.

Јувентус иако настапи без неколку важни играчи, во целост ја контролирае играта во првото полувреме, во кое Наполитанците го имаа поседот на топката.

„Старата дама“, првиот дел го заврши со предност од 1:0. Алваро Мората, во десеттата минута, ја искористи аматерската реакција на Манолас, му ја украде топката и потоа рутински го совлада Оспина.

Наполи израмни по грешката на голманот Шчесни во 57.минута. Полјакот ја испушти топката по шутот на Инсиње, а Политано од два метри ја проследи во голот.

Конечниот резултат го постави Кулибали. Наполи имаше корнер од левата страна, Кен несмасно реагираше во петте метри и буквално му ја сервираше топката на Сенегалецот, кој од гол линијата ја закова во мрежата.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, го започна мечот во стартната постава, доби жолт картон во 30.минута. Елмас беше заменет во полувремето со Умас. Очигледно беше дека Еламс е уморен по трите натпревари што ги одигра во една недела за Македонија.

Scroll to Top