Иднината на европскиот клупски фудбал повторно е во центарот на вниманието по плановите на англиските клубови со американски газди за формирање на елитна лига со финансиска поддршка од 6 милијарди долари.
Румениге вели дека тие не знаат ништо за плановите и посочи дека истото е и со Александер Чеферин, претседателот на УЕФА.
„Не знам ништо за тоа. Денеска зборував со претседателот на УЕФА, Александер Чеферин за тоа и двајцата не ги знаеме деталите и не можеме да ви дадеме мислење дали се работи за сериозен проект или за фејк њуз. Ние сме многу задоволни со Лигата на шампионите, а бидејќи се разговара за реформи на ЛШ, работиме на план за клубовите, фановите и ТВ-мрежите. Тоа е позитивно“, вели Румениге.