Баерн Минхен по големиот број на критики во германските медиуми и заканите за тужби против новинарите кои не пишуваат „добро“ за гигантот, се врати на победите по рутинската 2:0 победа над АЕК во Атина во третото коло од Лигата на шампионите. Валенсија немаше толку среќа и си ги искомпликува работите со реми против Јанг Бојс во Швајцарија.
Отпорот на грчкиот клуб беше скршен за две минути во второто полувреме, кога Хави Мартинез и Роберт Левандовски постигнаа голови за втора победа во три меча за Баварците во Лигата на шампионите и преземање на првото место во групата Е.
Мартинез во 61. минута одлично реагираше по првиот одбиен удар на Робен за да го совлада противничкиот голман, а веќе во 63. минута по една прекрасна акција, на Роберт Левандовски не му беше лесно да ја постави топката во мрежата.
Во Берн пак, Валенсија успеа прва да дојде во водство во 26. минута од натпреварот, кога Солер одлично го пронајде Мичи Батшуаи, но резултатот беше израмнет во 55. минута преку Хорау од пенал.
Со овој резултат, шпанскиот клуб има 2 поени и е на третото место во групата зад Јувентус (6) и Манчестер јунајтед (4) кои вечерва го играат големото дерби во ЛШ.
Фото: ЕПА
АЕК – БАЕРН 0:2
ЈАНГ БОЈС – ВАЛЕНСИЈА 1:1