Баерн Минхен се пласираше во финалето на ДФБ купот каде што ќе игра со РБ Лајпциг, откако во драматичен меч на „Весерстадионот“ го совлада Вердер Бремен со 3:2 со гол од пенал на Роберт Левандовски.
Баварците ја имаа контролата на резултатот, откако прво Левандовски во 36. минута донесе водство, а кога Томас Милер во 63. минута зголеми на 0:2, Баварците се понадеваа дека работата е веќе завршена. Меѓутоа, Вердер успеа да постигне два гола за само една минута, кога прво Јуја Осако во 74. минута намали на 1:2, пред Косовецот Милот Рашица да израмни минута подоцна!
Сепак, Баварците ќе се борат за двојната круна во Германија, откако во 80. минута беше досуден пенал, а Левандовски рутински го совлада голманот Јиржи Павленка.