Top Sport

Сити го покори „Олд Трафорд“ и стави една рака на трофејот од Премиер лигата (видео)

Манчестер сити ја мина најголемата пречка која му стои на патот до трофејот од Премиер лигата, откако во дербито на градот во северна Англија со 2:0 го совлада Манчестер сити за да се врати на првото место со поен разлика пред Ливерпул на само три меча до крајот на сезоната.

Јунајтед пак, со овој пораз уште повеќе си ги намали шансите следната сезона да игра во Лигата на шампионите, и во корист му одат само слабите игри на Арсенал и Челси, но немаат време за очајување бидејќи веќе овој викенд играат со Челси во директна пресметка за топ 4 пласман.

Домаќините немаа лошо прво полувреме, во кое двете екипи играа динамично со многу шанси, но на крајот се покажа квалитетот на актуелните англиски шампиони. Бернардо Силва во 54. минута и Лирој Сане во 66. минута постигнаа убави голови за да го решат победникот и да донесат нова победа.

Тимот на Пеп Гвардиола сега има сѐ во своите раце на патот до титулата – остануваат три меча, и со три победи тие ќе ја одбранат титулата. Сити гостува кај Барнли  во недела, по што следуваат мечевите со Лестер дома и со Брајтон на гости. Ливерпул играат дома со Хадерсфилд, гостуваат кај Њукасл и ги пречекуваат Вулверхемптон во последното коло.

Јунајтед пак, ќе мора да се надева на подобра игра и на малку среќа за топ 4 пласман. Тотенхем се трети со 70, Челси четврти со 67, Арсенал петти со 66, а Јунајтед само шести со 64 поени. До крајот на сезоната тие викендов го пречекуваат Челси, а потоа играат со двата тима кои се веќе испаднати од лигата – гостуваат кај Хадерсфилд, и ги пречекуваат Кардиф во последното коло.

Scroll to Top