Баерн Минхен прв прими гол, но на крајот стигна до 5:2 победа над Аугзбург во 1/16 финалето на германскиот ДФБ куп, а сигурни победи имаа и Борусија Дортмунд и бундеслигашкиот лидер Унион Берлин, додека Вердер испадна на пенали од Падерборн.
Педерсен уште во 9. минута ги донесе Аугзбург во водство, но Баерн израмнија во 27. минута преку Ерик-Максим Чупо-Мотинг. Џошуа Кимих во 53. и Чупо-Мотинг во 56. минута најавија катастрофа за Аугзбург, но веднаш потоа Упамекано си постигна автогол за 2:3. Мусијала во 74. и Дејвис во 91. минута го потврдија триумфот на Баварците, кои играа во дрес посветен на годишнината на отварањето на нивниот стадион.
ДФБ КУП, 1/16 ФИНАЛЕ
Фрајбург – Санкт Паули 1:1, 2:1 по продолженија
Хановер – Борусија Дортмунд 0:2
Падерборн – Вердер Бремен 2:2, 5:4 на пенали
Сандхаузен – Карлсруе 2:2, 8:7 на пенали
Аугзбург – Баерн Минхен 2:5
Регензбург – Фортуна Диселдорф 0:3
Штутгарт – Арминија Билефелд 6:0
Унион Берлин – Хајденхајм 2:0