Top Sport

Нуњез погоди, Ливерпул минимално против „чеканите“, само „нула“ за Челси кај Брентфорд

Дарвин Нуњез го постигна својот прв гол на „Енфилд“, а Алисон го одбрани пеналот на Џерод Боуен за Ливерпул по големата победа над Манчестер сити во текот на викендот, да стигне до нов 1:0 триумф над Вест хем.

Нуњез во 22. минута од мечот фантастично реагираше со глава по асистенцијата на Костас Цимикас за водство на тимот на Јирген Клоп, но гостите има совршена шанса да израмнат во финишот на полувремето, кога беше досуден пенал по невнимателноста на Џо Гомез, но обидот на Боуен заврши директно во рацете на голманот на Ливерпул.

Толку среќа немаа Челси, кои одиграа само 0:0 на гостувањето кај Брентфорд, за да се прекине серијата од пет победи во низа под водстсво на новиот менаџер, Греем Потер.

Њукасл, пак, со 1:0 ги совладаа Евертон благодарение на фантастичниот гол на Мигуел Алмирон, додека Саутемптон триумфираа на гости кај Борнмут, кои пак првпат се поразени по шест меча.

ПРЕМИЕРЛИГА, 11.КОЛО
Ливерпул – Вест хем 1:0
Брентфорд – Челси 0:0
Борнмут – Саутемптон 0:1
Њукасл – Евертон 1:0


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top