Кризата во Баерн Минхен е минато, се надеваат навивачите на Баварците, откако актуелниот шампион од Бундеслигата стигна до доминантна 4:0 победа на гостувањето кај „фенерџијата“ Хановер.
По пласманот во осминафиналето на ЛШ и борбеното 2:2 реми против Ајакс, момците на Нико Ковач се вратија на „работа“ во Бундеслигата во обид да ја стигнат Борусија Дортмунд и сега се доближија на шест поени зад „милионерите“, кои подоцна играат со Вердер Бремен.
Кимих, Алаба, Гнабри и Левандовски беа стрелци во лесниот меч за Баерн за трета победа во низа во германската елита. Баерн сега е на третото место во Бундеслигата со 30 поени, еднакво како и второпласираниот тим на Борусија Менхенгладбах, кој одигра само 0:0 на гостувањето кај Хофенхајм.
Фото: ЕПА
БУНДЕСЛИГА, 15.КОЛО
Аугзбург – Шалке 1:1
Фортуна Диселдорф – Фрајбург 2:0
Хановер – Баерн 0:4
Хофенхајм – Борусија Менхенгладбах 0:0
Штутгарт – Херта 2:1