Top Sport

Девојките ќе мораат преку Словенија ако сакаат пласман на Светското првенство

Македонската женска ракометна репрезентација ќе игра со Словенија во баражот за пласман за Светското првенство во 2019 година во Јапонија по одредената ждрепка во Париз.

Иако можеше да се паднат и потешки противници, Словенија не е слаба репрезентација, што покажа со учеството на Европското првенство во Франција, каде што испадна во групната фаза, но во меч кој не значеше многу беа подобри од финалистите Русија.

Првата средба ќе се одигра во Македонија во период меѓу 31.05.2019 – 02.06.2019 година, реванш натпреварот сениорките ќе го одиграат во Словенија во период од 04.06.2019 до 06.06.2019.

Македонија успеа да стигне до баражот за пласман на СП по освојувањето на групата во која беа Азербејџан, Турција и Исланд.

Ракометарките ќе играат бараж за СП во Јапонија

Scroll to Top